Connect with us

Игор Ангеловски во игра за нов тренер на Динамо Загреб

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е сериозен кандидат за нов тренер на Динамо Загреб. Тој е во конкуренција да го наследи Жељко Копиќ на тренерската позиција на „модрите“ до крајот на сезоната, а потоа, доколку ја освои шампионската титула, што е цел на клубот, да добие и договор на уште најмалку две сезони.

Негови противкандидати се поранешниот хрватски селектор Анте Чачиќ, тренерот на Зрињски, Сергеј Јакировиќ, како и Горан Томиќ.

Игор Ангеловски има силна препорака од капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, и од капитенот на националниот тим на Македонија, Стефан Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови