Македонскиот прволигаш Работнички објави дека целиот натпреварувачки погон, стручниот штаб и раководството на клубот добиле негативни тестови за Ковид-19 во пресрет на пролетниот дел од шампионатот во Првата лига.
„Колективот на ФК Работнички доби негативни тестови за Ковид-19 и може комплетно да се фокусира на почетокот на пролетниот дел од првенството. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Работнички има задолжителните тестови за коронавирус и сите тестирани имаат негативни резултати. Работнички в сабота ќе го отвори пролетниот дел од шампионатот во Првата лига на гостувањето против Академија Пандев. Мечот е закажан за 14 часот, на комплексот на Академија Пандев“, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













