Connect with us

Хулијан Алварез на лето доаѓа во Барселона?

Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез, би можел да ја засили Барселона. Според последните информации, Аргентинецот на лето ќе бара да замине на позајмица доколку нема важна улога во тимот.


Аргентинецот летово пристигна во Манчестер Сити од Ривер Плата, главно ја игра улогата на резерва, иако Пеп Гвардиола ги испроба него и Халанд на теренот викендот во Борнмут и тоа успеа.

Сепак, во најважните натпревари тешко дека ќе играат и Алварез и Халанд, што може да ја отвори вратата за позајмица.

Наводно, Барселона не би имала ништо против да го донесе Алварез на позајмица и веќе се остварени првите контакти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови