Connect with us

Хуан Кабал донесе триумф за Јувентус на „Ренато Дал’Ара“ (ВИДЕО)

Јувентус забележа тесна победа на гостувањето кај Болоња, славејќи со 0-1 во 15. коло од италијанската Серија А. На стадионот „Ренато Дал’Ара“ натпреварот го реши еден единствен гол, дело на Хуан Кабал во второто полувреме.

Дуелот започна израмнето. Првата сериозна закана ја упати Орсолини за домашниот тим, а потоа Џонатан Дејвид постигна погодок кој беше поништен. Болоња беше блиску и до водство, но ударот на Зортеа заврши во пречката од голот на Ди Грегорио, па првото полувреме заврши без голови.

Продолжението започна мирно, без многу возбудувања, сè до 65. минута кога падна решавачкиот погодок. По центаршутот на Јилдиз, Кабал остана сам во петерецот и со удар со глава без проблеми го совлада домашниот голман за 0-1.

Кратко потоа Болоња си ја отежна ситуацијата, откако Хегем направи груб прекршок над Опенда, кој излегуваше сам кон голот, па заслужено доби директен црвен картон. Со играч помалку, домашните немаа сили да го загрозат Јувентус, кој сигурно ги освои трите бода и се искачи на петтата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови