Хрватска стана третата репрезентација од нашиот континент што и математички го обезбеди пласманот на Мундијалот. Тоа претходно го направија Англија и Франција, а многу блиску до тоа се и Холандија и Германија.
Холанѓаните само чудо може да ги спречи да не ја освојат групата Г. Вечерва земаа бод во Варшава, одиграа 1-1 со Полска и имаат 17 бодови на првото место, три повеќе од вечерашниот противник. Избраниците на Роналд Куман имаат гол-разлика 23-4, Полска е на 11-5, а во последното коло Холандија ја пречекува Литванија, додека Полска гостува на Малта.
Полјаците поведоа преку Камински во 43. минута, по одличното додавање на Левандовски во празен простор. Конечните 1-1 ги постави Мемфис Депај во 47. минута.
Во групата А, Германија ја оправда улогата на фаворит во Луксембург и славеше со 0-2, со головите на напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде, во 49. и 69. минута.
Во Кошице, Словачка ја победи Северна Ирска со 1-0 со гол на Бобчек во 91. минута, па пред последното коло Германците и Словаците имаат по 12 бодови.
Во Лајпциг, во понеделник, овие две селекции ќе се сретнат меѓусебно и директно ќе одлучат кој оди на Мундијал. На Германија ѝ одговара и реми поради подобрата гол-разлика, иако беше поразена во Братислава со 2-0 во првото коло. Северна Ирска ќе игра бараж преку Лигата на нации, а фактот дека тие нема да бидат втори во групата ја „уби“ и малата надеж дека Србија ќе обезбеди бараж преку Лигата на нации.
Хрватска во Ријека ги совлада Фарските Острови со 3-1 и го осигура првото место во групата Л со 19 бодови. Од оваа група во бараж ќе оди Чешка.
Црна Гора, во натпревар без натпреварувачко значење, го победи Гибралтар на гости со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













