
Фудбалската репрезентација на Хрватска е прв финалист на завршниот турнир во Лигата на нации откако вечерва во Ротердам ја совлада Холандија со 2-4. Холанѓаните се извлекоа во последните моменти од регуларниот тек со голот на Ноа Ланг и обезбедија продолженија (2-2), но потоа „коцкестите“ повторно постигнаа два гола и заслужено обезбедија пласман во финалето.
Во второто полуфинале утре ќе играат Шпанија и Италија.
Дониел Мален во 34.минута донесе водство за Холандија, а Хрватска израмни преку Андреј Крамариќ кој реализираше пенал во 55.минута. Марио Пашалиќ се погрижи за пресврт во 72.минута, но Ноа Ланг израмни во 96.минута.
Хрватска беше сепак подобра во продолженијата. Бруно Петковиќ во 98.минута постигна убав погодок од далечина за 2-3, а триумфот го потврди Лука Модриќ од пенал во 116.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
