
Хрватска го освои третото место на Мундијалот во Катар откако го победи Мароко во дуелот за бронзата со 2-1. За Мароканците и самиот пласман меѓу четирите најдобри е огромен успех на овој Мундијал.
На почетокот од мечот и двете селекции постигнаа по еден гол. Јошко Гвардиол во седмата минута донесе водство за Хрватска, но само две минути подоцна израмни Ашраф Дари.
Хрватите на полувреме сепак заминаа со предност откако Мислав Оршиќ постигна прекрасен погодок во 42.минута за водство од 2-1.
Во второто полувреме, Матео Ковачиќ имаше шанса за трет погодок, но не реализираше, а Ен Несири во последните мигови можеше да донесе израмнување, но беше за малку непрецизен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
