Connect with us

Хорхе Жесус: Не сум видел такво промашување 30 години

Бенфика можеше да победи на синоќешниот натпревар против Барселона со што многу ќе си ја олеснеше ситуацијата пред последното коло од групната фаза и ќе се доближеше до осминафиналето во Лигата на шампионите. Најдобрата шанса ја имаше Харис Сеферовиќ во судиското продолжение на натпреварот, но не успеа да погоди од неверојатна ситуација.


Тој излезе сам пред Тер Штеген, го префрли, а потоа од десетина метри ја испрати топката покрај голот, иако беше речиси празен.

Тренерот на Бенфика, Хорхе Жесус, не можеше да верува што промаши Сеферовиќ, фрлајќи се на колена покрај теренот.

„Барселона имаше неколку шанси да постигне гол, но ние игравме добро во одбраната. На крајот имавме шанса каде што немаше голман на голот на Барселона. Јас сум тренер веќе 30 години и никогаш не сум видел нешто слично и, ете, за жал тоа ми се случи сега мене и на Бенфика“, изјави Хорхе Жесус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови