Шпанија триумфираше во Лигата на нации, откако во финалето ја совлада Хрватска на пенали. Ова е шести голем трофеј за „црвената фурија“ по светската титула во 2010 година, европските титули во 1964, 2008 и 2012 година, како и олимпиското злато во 1992 година.
Хесус Навас може да се пофали со уште посериозно достигнување. 37-годишниот шпански репрезентативец стана првиот играч во историјата кој ги освоил трофеите на Светското првенство, Европското првенство и во Лигата на нации. Покрај тоа, оваа сезона триумфираше и на клупски план, со Севилја по четврти пат ја освои Лигата на Европа.
Импресивен е и фактот што Шпанците освоија трофеј само во четвртиот натпревар под водство на новиот тренер Луис де ла Фуенте.
За Хрватска разочарувањето е големо. „Коцкеските“ не успеаја да го подигнат првиот трофеј на репрезентативно ниво, но повторно се меѓу медалистите на големо натпреварување, откако играа во финалето на СП 2018, а во 1998 и 2022 година станаа трети во светот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













