Connect with us

Херојот на Борусија Дортмунд имал семејна трагедија неколку дена пред да блесне за „милионерите“ во ЛШ

Голема семејна драма доживува играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марсел Сабицер. Австриецот беше големиот херој во победата од 4-2 над Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Токму тој го одведе својот тим во полуфиналето откако го постигна четвртиот гол, а претходно имаше и две асистенции.


По неговиот гол, Марсел ги крена рацете кон небото, што многумина го протолкуваа како негов начин на славење. Само неколку дена по натпреварот стана јасно дека тоа е почит кон неговиот посинок Лукас. Тој си го одзел животот на 24 март, кратко откако наполнил 18 години. Според членовите на семејството, причината е скршено срце и невозвратена љубов.

Сабицер на својот Инстаграм објави фотографија од неговиот гест, а неговата сакана Катја Куне искоментира: „За Лукас“.

Тинејџерот е дете од нејзината претходна врска и живеел одвоено од мајка си и полубратот. Русокосата убавица е од Украина, но од мала живее во Германија, каде што во 2014 година го освои срцето на „The Bachelor“.

Катја е девет години повозрасна од Марсел, двајцата се заедно од 2017 година, а три години подоцна се верија. Во 2019 година, тие станаа родители на ќерката Мери Лу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови