
Tренерот на Барселона, Ханси Флик, со задоволство ја коментираше победата над Реал Сосиедад со 4-0. Ова беше 15-ти натпревар по ред без пораз за каталонците во сите натпреварувања, а со триумфот тие се вратија на првото место во Ла Лига.
„Не сум изненаден од настапот на тимот. По поразот од Атлетико Мадрид во декември реков дека игравме добро. Тоа продолжи и во следните натпревари. Концентрирани сме, добро ја контролираме топката и стабилно се браниме“, изјави Флик.
„Работите можат брзо да се променат, затоа не смееме да ја загубиме концентрацијата. Ни претстојат уште многу натпревари во Ла Лига, Купот на Кралот и Лигата на шампионите, но наша цел се сите трофеи. Ќе се бориме за секој до самиот крај“, вети германскиот стратег.
„Не можам да кажам дека ја имаме најдобрата средна линија во Европа или светот, но сигурно нашите играчи од средниот ред се на многу високо ниво. Секогаш се фокусирам само на следниот натпревар. Не можам да замислам поинаков пристап. Водиме во Ла Лига, но сега најважен ни е мечот со Бенфика во ЛШ“, додаде Ханси Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
