Милан се уште е упорен во намерата да го доведе Хаким Зијеч и ова лето повторно ќе ја активира понудата за негова преселба на „Сан Сиро“.
Зијеч беше прва желба на „росонерите“ минатото лето, но Челси не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп. Меѓутоа, Тухел не смета на него, Мароканецот не добива голема минутажа, па ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Италијанските медиуми информираат дека Зијеч веќе постигнал договор со Милан и ги договорил личните услови за четиригодишна соработка, а останува двата клуба да ги договорат деталите околу отштетата. Трансферот би требало да биде вреден околу 20 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













