
По само четири месеци на таа функција, Никола Калиниќ веќе не е спортски директор на Хајдук Сплит откако клубот реши да ја прекине соработката со него.
Калиниќ во мај ја заврши играчката кариера во Хајдук, а потоа ја презеде функцијата спортски директор.
„Од денеска Никола Калиниќ веќе не е спортски директор на Хајдук откако клубот одлучи да ја прекине соработката. Тој ја презеде функцијата прв оперативец на крајот на мај оваа година, наследувајќи го Миндаугас Николичиус. Се разделивме со Никола по завршувањето на преодниот рок, имајќи предвид кое е најдоброто решение за клубот во овој момент.
Одлуката му ја соопштивме на тренерот Џенаро Гатузо, кој како и сите во клубот, во следните неколку дена главна цел е да се фокусира што е можно повеќе на претстојното дерби, за тимот да има што е можно подобра физичка и психичка подготовка. Бидејќи се работи за исклучително важна функција, во текот на наредната недела ќе го претставиме новиот спортски директор и спортската стратегија на клубот, која сметаме дека е единствена исправна за Хајдук на долг рок“, изјави претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
