
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од настапот на неговиот тим на градското дерби со Манчестер Јунајтед. Шампионите победија со 4-1 на „Итихад“ и повторно ја зголемија предноста на шест бода пред Ливерпул.
„Се беше одлично од првата минута. Игравме навистина добро и моравме да бидеме трпеливи. Ралф Рангник се обиде да го промени ставот на Јунајтед, да го направи тимот поагресивен, но ние успешно го најдовме слободниот простор, особено во вториот дел, да играме зад Мектоминај и Фред“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стратег објасни и што е клучот на успехот на неговиот тим.
„Фудбалот е емоција. Се разбира, и тактика, но и многу силни емоции. Кога ја губиме топката, ние сме тим кој има голема желба и страст да ја врати веднаш назад. Ова се случува од првата до последната минута. Сакаме да ја поседуваме топката што е можно повеќе. На крајот, тоа носи резултат“, додаде менаџерот на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
