Connect with us

Гвардиола: Клоп ме направи подобар тренер, многу го почитувам

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од играта на својот тим по фантастичното реми 2-2 со Ливерпул и го нарече натпреварот „вистинска реклама за Премиер – лигата“.


Како и во првиот дел од сезоната, пресметката на двете најдобри екипи заврши нерешено 2-2. Сити на седум кола пред крајот има 74 бода, а Ливерпул 73, па борбата за титулата најверојатно ќе остане отворена до последното коло.

„Мислам дека овој натпревар беше добра реклама за Премиер – лигата. Тоа беше фантастичен натпревар во кој двата ривали се обидуваа да победат. Вистинска радост е да се гледа Ливерпул, знам колку се опасни и колку се добри. Тие се компактни меѓу линиите. Мислам дека одигравме многу добро и горд сум на мојот тим. И двете екипи знаеја дека практично се ќе биде готово доколку загубат бидејќи останаа само седум натпревари. Резултатот е таков каков што е. Така беше и на „Енфилд“ и имам чувство дека ја пропуштивме шансата. Сепак, ништо не е готово. Истото би го рекол, без разлика дали ќе победевме или ќе загубевме – игравме добро“, изјави Гвардиола.

На крајот, Шпанецот проговори за својот голем ривал – Јирген Клоп.

„Не знам дали Клоп ме почитува, но би сакал да знае дека многу го почитувам. Ме направи подобар тренер. Неговиот тим е секогаш конкурентен и агресивен. Ние двајца не сме пријатели, не се гледаме – го имам неговиот број, но не му се јавувам. Имам многу почит кон него, но ќе дадам се од себе следниот пат да го победам “, изјави 51-годишниот шпански стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови