
Голгетерот на Манчестер Сити и Премиер – лигата, Ерлинг Халанд, воопшто не е разочаран од второто место во рангирањето за „Златната топка“. Победник повторно беше Лионел Меси, а Норвежанецот, кој беше еден од водечките играчи при тројната круна на „граѓаните“ минатата сезона, се смести меѓу него и Килијан Мбапе.
Според Пеп Гвардиола, напаѓачот бил среќен што е во најтесна конкуренција со Меси и со Мбапе.
„Видов дека е среќен што е претендент за честа и што е блиску до Меси, Мбапе и останатите. Тоа беше многу добра ноќ за Манчестер Сити. Честитки за Лео Меси и за Бонмати. Манчестер Сити беше претставен со еден од најдобрите фудбалери, Ерлинг Халанд, и тоа е многу важно бидејќи нашиот клуб никогаш не бил таму во минатото.
На Ерлинг му претстои цела кариера, па ќе продолжи да победува и ќе може да си каже „во ред, можеби следната сезона ќе бидам победник“. Тоа треба да биде неговата цел. Но, сега сигурно беше среќен што беше таму и изгледаше многу добро кога се врати“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Борнмут.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
