Украинскиот фудбалер Артем Довбик доживеа повреда на задната ложа во победата на Рома против Удинезе, поради што ќе биде надвор од тимот најмалку еден месец, а во најлош случај ќе паузира до крајот на тековната година.
Фудбалерот, кој минатото лето пристигна од Џирона како големо засилување за Рома, во неделата навечер мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, оставајќи место за Томазо Балданци.
Стручниот штаб на Џанпјеро Гасперини со нетрпение го очекуваше денешниот лекарски преглед за да дознае колку долго нема да може да смета на Украинецот, а одговорот пристигна — и не изгледа воопшто охрабрувачки.
Со оглед на тоа што следува репрезентативна пауза, Рома ќе „добие“ две недели во однос на опоравувањето на Довбик, но тој сигурно ќе го пропушти натпреварите против Кремонезе, Митјиланд, Наполи, Каљари и, речиси извесно, Селтик. Во најдобар случај, постои можност да се врати во тимот за дуелот против Комо средината на декември.
Довбик оваа сезона има постигнато два гола, продолжувајќи со нестабилната форма која го следи од неговото доаѓање од Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













