
Пеп Гвардиола сака уште едно големо засилување во офанзивата и гледа кон Милан. Негова цел е Рафаел Леао. Португалецот би дошол на „Етихад“ во трансфер вреден 110 милиони фунти.
Манчестер Сити веќе доведе неколку засилувања: Рајан Черки, Тијани Рајндерс, Рајан Аит-Нури, Маркус Бетинели, Свре Нипан и Џејмс Трафорд. Сега клубот сака дополнително да ја засили крилно-нападачката линија. Тие бараат напаѓач кој ќе комбинира брзина и физичка сила. Џереми Доку минатата сезона не ја имаше најдобрата форма, а истото важи и за Фил Фоден, кој е клучен играч за успехот на Сити. Поради тоа, Манчестер Сити бара начин како да го зајакне играчкиот кадар на широките позиции.
Според информации од „Фишајес“, Пеп Гвардиола посакува да го доведе Рафаел Леао.
Португалскиот репрезентативец сака да го напушти „Сан Сиро“, особено бидејќи Милан не игра во Лигата на шампионите. Леао бара нов предизвик во својата кариера откако во Милан пристигна во 2019 година.
26-годишниот Леао досега одигра 260 натпревари за Милан, постигна 70 голови и има 62 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
