Connect with us

Гвардиола го брани трошењето на Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, застана во одбрана на раководството на клубот кое секој преоден рок троши огромни пари на нови засилувања. Ова лето „граѓаните“ го доведоа Џек Грилиш за рекорден трансфер од 100 милиони фунти, а се подготвува и за нов мегатрансфер на Хари Кејн.


„Го купивме Грилиш затоа што продадовме играчи во вредност од 60 милиони фунти, па на крај за трансфери излегува дека имаме потрошено 40 милиони фунти. Во спротивно, не би можеле да го направиме ова. Секој сопственик на клуб одлучува што сака. Нашите сопственици сакаат да живеат во овој свет, сакаат да купуваат фудбалери. Што е проблемот?“, праша Гвардиола, во пресрет на премиерниот дуел со Тотенхем во новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови