
Карабах нема намера да го потцени Силекс и ќе биде максимално внимателен на утрешниот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тренерот на азербејџанскиот првак, Гурбан Гурбанов, вели дека нема слаби екипи во Лигата на шампионите.
„Нема слаби тимови во Лигата на шампионите и мора да бидеме многу внимателни. Не смееме да си дозволиме грешки, затоа што тоа би можело да биде кобно за нас“, вели шефот на стручниот штаб на Карабах.
Гурбанов истакнува дека празните трибини на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку ќе бидат предност за тимот на Силекс.
„Играме дома, но ќе ја немаме поддршката од навивачите. Тоа секако ќе биде своевидна предност за Силекс на утрешниот меч. Се работи за квалитетен тим, ги следевме последните два натпревари што македонскиот клуб ги одигра во новата сезона“, истакна Гурбан Гурбанов на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч против Силекс.
Утрешниот натпревар е закажан за 18 часот по македонско време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
