Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија четвртата титула во последните пет години во драматична завршница на сезоната во Премиер – лигата. Со пресврт, „граѓаните“ ја победија Астон Вила со 3-2, а играч на натпреварот беше Илкај Гундоган, стрелец на два гола. Тој влезе во игра од клупата и го разбуди тимот на Пеп Гвардиола.
Ливерпул ја заврши сезоната на второто место со бод помалку од Сити.
„Клоп беше еден од првите кои ми честитаа за освоената титула. Секогаш сме се почитувале. Имаше уште една добра сезона со Ливерпул и ни го загорчи животот. Клоп е извонредна личност и тренер, а тоа го покажува долги години“, изјави Илкај Гундоган за германските медиуми.
Гундоган играше под водство на Јирген Клоп во Борусија Дортмунд од 2011 до 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal