
Галатасарај е подготвен да испрати понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, а германскиот репрезентативец не би ја исклучил можноста за потенцијален трансфер.
Турскиот шампион има за цел да ja надгради исклучително успешната сезона со додавање на дополнителни квалитетни фудбалери во својот состав. Во услови на шпекулации дека Гундоган би можел да падне пониско во хиерархијата на „Етихад“ по доаѓањето на Тијани Рејндерс, тој би размислил за ваков трансфер.
За Илкај Гундоган има интерес и од клубови од Саудиска Арабија, но приоритет на 34-годишниот играч од средниот ред е да ја продолжи кариерата во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
