
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и дефинитивно става крај на активната кариера. Тоа што беше јасно откако не доби продолжение на договорот со Парма, а и не се приклучи на подготовките со ниту еден клуб изминатото лето, сега е официјализирано. Пандев во интервју за „Газета дело спорт“ објави дкека става крај на кариерата.
Претходно се повлче и од репрезентацијата на Македонија, откако го исполни својот, а и сонот на сите Македонци, со националниот тим да игра на едно големо натпреварување – Европското првенство 2020.
За Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 гола, беше стрелец на историскиот гол за пласман на ЕП против Грузија во Тбилиси, а потоа даде гол и на ЕП.
„Мислам дека беше доста. После цели 20 години, да ставам крај н кариерата. Мојот син наполни 13 години и досега го гледав почесто само на одморот меѓу двете сезони. Ова лето, искрено, првпат не размислував за фудбал, а и ставив некој килограм повеќе. Знаете, јадете повеќе, не тренирате. Кога сте на 39 години сѐ е потешко и помачно, секојдневните тренинзи и ритамот на натпревари. Но, секако ќе останам во фудбалот, бидејќи друго не знам да работам. Наскоро мислам дека ќе ме видите во некоја друга улога, како спортски директор или како фудбалски агент“, изјави Пандев во интервју за „Газета дело Спорт“.
Горан Пандев во 2001 година од Беласица замина во младинскиот тим на Интер, во Анкона дебитираше во Серија, потоа шест сезони го носеше дресот на Лацио, освои тројна круна со Интер, беше во Галатасарај, а последните години беше дел од Џенова и од Парма.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
