Советот на Град Скопје на денешната 75. седница и официјално ја донесе одлуката што претходно веќе беше спроведена, најтрофејниот фудбалски клуб Вардар да оди во стопроцентна сопственост на компанијата „Блу Скај“, чиј сопственик е Слободан Крстевски.
Советниците ја изгласаа точката на дневниот ред за давање согласност за продажба на акциите и управувачки пакет од Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје. Со ова, Вардар и официјално почнува нова ера.
В среда, Вардар за првпат во историјата ќе го почне настапот и во Втората лига Запад, а премиерата ќе ја има против Кораби во Дебар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski