
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на арената „Тодор Проески“ игра историски натпревар. Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат огромна шанса да обезбедат пласман во баражот за Светското првенство. Потребна е победа над Исланд за да се исполнат желбите и да се остварат целите кои беа зацртани уште пред почетокот на овие квалификации.
Македонија сама решава за својата судбина. На Стефан Ристовски и друштвото им се отвора нова голема можност за да испишат историја и да ја израдуваат нацијата.
„Секој меч е посебна приказна. Не чувствуваме дополнителен притисок, се надевам дека заедно со поддршката од навивачите ќе успееме да ја оствариме целта. Се е јасно, со победа ќе обезбедиме бараж за Светско првенство, еден нов голем успех за македонскиот фудбал и продолжување на сонот дека Македонија може на мундијал. Се надевам дека ќе излеземе со студени глави и дека нашиот квалитет ќе излезе на површина“, вели Стефан Ристовски.
Шанса е тука, ни ја озвоможи Исланд со ремито без голови против Романија. Како и што најавија, Исланѓаните нема лесно да се предадат и во Скопје.
Треба Македонија да ја грабне шансата!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
