
Македонскиот фрепрезентативец Елиф Елмас одигра одлично против Италија и тоа одекна на Апенините, посебно што „аѕурите“ не успеаја да победат во Скопје. Италијанските медиуми истакнаа дека Руди Гарсија сега треба добро да размисли и секако да му довери поголема минутажа на Елмас.
Додека „дијамантот“ се подготвува за дуелот со Малта, агентот Никола Ѓошевски и татко му на Елмас ги разгледуваат сите понуди, и од Наполи за продолжување на соработка, но и од други клубови.
„Во моментов може да потврдиме дека разговараме за продолжување на договорот со Наполи, но има разговори и со многу други заинтересирани клубови за негов ангажман. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Никола Ѓошевски за „Калчо Наполи 24“.
Се споменуваат Интер, Лајпциг, Ливерпул…
„Имаше многу шпекулации изминатиов период, но вистината е само една. Само таткото на Елиф и јас сме официјални застапници на Елмас и единствени кои разговараат и имаат право да разговараат и преговараат за неговата иднина“, потенцира Ѓошевски.
Елиф Елмас беше одличен против Италија, а Македонија вечерва ја очекува дуел со Малта во Ла Валета.
„Македонската репрезентација оствари одличен резултат против Италија, освои важен бод за продолжението од квалификациите. Игравме компактно и остваривме добар резултат против силна селекција како Италија. Елиф Елмас, како и многупати претходно имаше одлично издание, беше постојана закана за одбраната на Италија и по една од неговите соло-акции следеше прекршокот на работ на шеснаесетникот по кој беше и постигнат гол од слободен удар за реми“, истакна Ѓошевски за „Калчо Наполи 24“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
