
Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, утревечер (20.30 часот) го пречекува исландскиот Брејдаблик во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Тренерот Ѓорѓи Мојсов зрачи со оптимизам и вели дека очекува неговиот тим да има долго европско лето.
„Убеден сум дека можеме да минеме неколку кола. Добро сме подготвени, го гледам Тиквеш и после дуелите со Дрита, а не само со Брејдаблик. Се подготвувавме напорно за овој историски настап на Тиквеш во европските купови. Имаме информации за противикот и мислам дека доколку на теренот испочитуваме барем 70% од нашиот план, верувам дека Тиквеш ќе оди понатаму. Го респектираме противникот, но и веруваме во нашите квалитети“, изјави тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.
Капитенот Александар Вареловски вели дека Европа е огромна мотивација за сите фудбалери.
„Не ни е потребна поголема мотивација, едноставно настапот во Европа е и повеќе од доволен фактор за да го дадеме максимумот и да се обидеме да ги израдуваме повторно нашите навивачи. Добро е што мечот е поместен во вечерен термин, тоа ќе понуди многу подобри услови за игра“, изјави Вареловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
