Три месеци по неговото назначување за технички директор во ФФМ за развој на младинскиот фудбал, Ѓорги Христов на брифинг со претставници на медиумите даде видување за досегашната своја работа.
„Оваа функција носи голема одговорност, но и привилегија. Од првиот ден сум присутен на терен, заедно со колегите, постојано следејќи ги натпреварите и развојот на младите фудбалери ширум државата.“ – изјави Христов.
Во изминатиот период, воспоставена е стабилна структура со назначување на координатори по генерации.
Артим Шаќири и Сашо Милошевски се назначени како координатори за категориите од 2007 до 2012 година. Тие го следат секое дете, ќе бидат директна поддршка за селекторите и ќе обезбедат квалитетна анализа за секоја генерација.
Новитет во системот е и воведувањето на видео анализа – област што досега воопшто не беше дел од младинските селекции.
Ангажирани се поранешните репрезентативци Никола Глигоров и Филип Ивановски, кои ќе го подигнат нивото на подготовка и детална анализа на играта.
Посебно внимание се посветува на Детската лига, како основа за фудбалскиот развој:
„Децата на таа возраст се како сунѓери – сè прифаќаат. Затоа, воведовме нови правила со цел тие да играат „фудбал по земја”, од „нога на нога”, да научат да ја изнесат топката организирано, а не сè да зависи од тоа дали голманот ќе центрира до другиот крај на теренот. Сакам да создаваме фудбалери кои размислуваат на теренот.“
Христов истакна и дека секој стручeн штаб на селекциите е составен од 4 до 5 лица од различни региони од Македонија, со што добиваме потврда дека ниту еден потенцијален талент нема да биде пропуштен.
Во однос на скаутирањето, пристапот е избалансиран и фокусиран на квалитетот:
„Имаме таленти тука, во Македонија – прекрасни деца, вредни, посветени. Затоа и нашата главна концентрација мора да биде тука. Но, тоа не значи дека нема да ги следиме децата со македонско потекло надвор од земјава. Напротив, сите што имаат квалитет и можат да направат разлика на натпреварите, се добредојдени. Единствениот критериум е квалитетот.“
Христов отворено зборува и за состојбата со Академијата на ФФМ:
„Ако Академијата функционираше како што треба, денес немаше да селектираме повеќе од 150 деца од терен. Фактот дека тие деца не се натпреваруваат во официјален систем е парадоксален. Академијата треба да биде пред репрезентативна селекција, а реалноста е далеку од тоа. Веќе две години тие немаат одиграно ниту еден натпревар и искрено, не гледам смисла да продолжиме во истата форма. Ќе видиме каква ќе биде одлуката, но вака – не оди.“
„На патувањата секогаш ќе биде присутен некој од нас – како што беше случајот со Пандев и мене на натпреварите во Шкотска. Тоа многу им значеше на децата, чувствуваат поддршка и припадност.“
Целта е амбициозна, но остварлива:
„Во секоја генерација сакаме да имаме база од најмалку 30 деца со сличен квалитет. Само така можеме да создадеме вистинска конкуренција – најдобрите против најдобрите”.
На крајот, Христов ја нагласи важноста на поддршката од раководството на ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ:
„Познавајќи го претседателот на ФФМ, а го познавам повеќе од 25 години, знам дека децата во сите генерации ќе ги добијат сите потребни услови. Ако како член на Управен одбор во времето кога јас бев фудбалер во репрезентацијата се трудеше да ни обезбеди подобри услови тогаш, сигурен сум дека денес, како претседател, ќе даде сè од себе тоа да биде уште подобро. Не сака импровизации и знам дека секогаш се стреми да ги оствари целите. А, неговите цели се високи, верувајте”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













