Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги стартуваше подготовките за претстојните два контролни натпревари со селекцијата на Косово.
Првиот тренинг нашите фудбалери го одработија на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари.
Еден од клучните играчи во одбраната на Силекс и член на младата репрезентација до 21 година, Ѓорге Џеков даде свој коментар за почетокотот на подготовките и двете контролни средби со Косово.
„Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот на овие подготовките, со оглед на тоа што се последни пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Имаме позитивен период позади нас, одработивме добри подготовки во Анталија. Косово е добра селекција и незгоден противник, но ние сакаме на двата натпревари да оствариме позитивен резултат. Мислам дека покажавме на претходните два контролни натпревари во Анталија дека како селекција поседуваме квалитет. Пред нас се квалификациите за ЕП, верувам дека можеме да се оствариме добар пласман“, вели Ѓорге Џеков.
„Самите тренинзи и подготовки се на едно високо професионално ниво, имаме одлична комуникација и соработка со селекторот и неговиот стручен тим. Ќе вложиме многу труд, борба и посветеност во текот на периодот што следи, а се со една цел, да бидеме максимално подготвени за стартот на квалификациите“, дополни дефанзивецот на Силекс.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 28 мај, со почеток во 19 часот го игра првиот контролен натпревар со Косово во Приштина. Втората контролна средба на програмата е на 31. мај, во Скопје, со почеток во 15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













