 
																												
														
														
													Горазд Михајлов синоќа го победи Пелистер во вечното македонско дерби, а од денеска веќе не е тренер на Вардар. Тој си поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб на најтрофејниот клуб. Наводно, поради приватни причини.
„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.
Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.
Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.
Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објавија од Вардар.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														