Исланд е нашата пречка до баражот за Светското првенство во Катар. Репрезентацијата која ни ја даде оваа голема шанса со ремито (0-0) против Романија во Букурешт, денеска ќе гостува во Скопје. Потребна ни е победа, но мора да ни биде јасно дека Исланд апсолутно нема така лесно да се предаде. Впрочем, така одиграа и против Романците пред три дена.
Горазд Михајлов, сегашниот тренер на Силекс, е Македонецот кој можеби најдобро го познава менталитетот на Исланѓаните. Во колумна за МАКФУДБАЛ го потенцира борбениот дух на исландските спортисти и желбата за триумф на секој натпревар.
Македонската фудбалска репрезеентација во Ереван го одигра својот најдобар натпревар под водство на новиот селектор. Нашите репрезентативци во текот на сите 90 минути ја контролираа играта и заслужено ја демолираа репрезентацијата на Ерменија.
На денешниот натпревар со репрезентацијата на Исланд, таа игра и тој резултат треба да го потврдиме и да влеземе максимално фокусирани како што беше случај и во тој меч. Не очекува исклучително важен дуел, нашите момци треба да го потврдат својот квалитет и со победа да го заверат пласманот во разигрувањето- баражот во голема мера овозможен од Исланѓаните.
Вечерва за противник ги имаме „рибарите“ кои во дуелот со Романија покажаа и докажаа дека се вредни за почит и токму затоа мораме овој натпревар да го сфатиме многу сериозно. Исланѓаните како нација ги краси борбеноста, желбата и игра до последен момент, а тоа можевме да го почувствуваме на своја кожа на претходниот натпревар со нив во Рејкјавиќ каде до 70. минута имавме водство од 0-2 и ја контролиравме играта и едно мало невнимание доведе до тоа во последните петнаесетина минути од добиен натпревар да одиграме само реми.
Очекувам дека Исланѓаните, познавајќи го нивниот менталитет, дека вечерва ќе излезат на арената „Тодор Проески“ и ќе го дадат својот максимум без разлика на тоа што немаат никакви шанси за евентуално подобар пласман на табелата во нашата група и ќе се обидат да се прикажат во најдобро можно светло. Императивот победа ќе биде подеднакво присутен и кај нив бидејќи играњето за националниот дрес за нив претставува гордост во било кој спорт , а сме биле сведоци каде тоа многупати го покажале, како во ракометот, во фудбалот и секој друг спорт, и ќе се обидат да не изненадат.
Силно верувам дека квалитетот е на наша страна, мораме да останеме цврсто на земја, да излеземе и во ист стил како и на оној дуел против Ерменија да ја демонстрираме нашата сила, моќ и знаење. Верувам дека со помош на публиката, која очекувам во голем број да ја исполни арената, ќе успееме и дека после тие 90 минути сите заедно ќе се радуваме. Се разбира очекуваме дека преку баражот ќе го продолжиме трендот со учество на големи фудбалски настани, овојпат на Светското првенство во Катар следната година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski