Connect with us

Големо засилување за Ливерпул: Алексис Мекалистер на „Енфилд“ до 2028 година

Ливерпул официјално го објави своето прво ново засилување во летниот преоден рок. Станува збор за аргентинскиот играч за врска Алексис Мекалистер, кој им се приклучува на „црвените“ од тимот на Брајтон.


Играчот од средниот ред ќе го засили тимот на Јирген Клоп откако имаше одлична година со Аргентина, стана светски шампион, а исто така имаше солидна сезона во Премиер – лигата за „галебите“, постигнувајќи десет гола и две асистенции во 35 натпревари.


Договорот на играчот е со важност до јуни 2028 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови