Филип Поповски доби уште едно големо признание од УЕФА со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Престижниот ангажман претставува силна потврда за угледот на македонските фудбалски професионалци и на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури.
Поповски останува еден од највисоко котираните македонски претставници во УЕФА, редовно ангажиран како делегат на врвни меѓународни натпревари. Поранешниот прв оперативец во „Куќата на фудбалот“ беше делегат и на финалниот натпревар на последното Европско првенство, признание кое го потврдува неговото долгогодишно искуство и довербата што ја ужива.
За време на престојот во Мадрид, Поповски беше пречекан од легендарниот Емилио Бутрагењо, задолжен за протоколот на Реал Мадрид. Легендарниот фудбалер на „кралскиот клуб“ со симпатии се присети на гостопримството во Македонија и на топлото скопско лето за време на УЕФА Суперкупот 2017. Разговорот ги врати и спомените за Кирил Дојчиновски, кој му беше тренер на Бутрагењо во Мексико, а подоцна повторно се сретнаа и во Скопје.

Ангажманот на Поповски на еден од најгледаните натпревари во светскиот фудбал е уште една силна потврда за квалитетот, професионалноста и довербата што македонските претставници ги уживаат во УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер остана без Ачерби до крајот на годината
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)













