Македонскиот шампион Шкендија ќе ја пречека екипата на Слован Братислава во меч од петтото коло од Конференциската лига.
Шкендија нема пораз на домашен терен во лигашкиот дел од Конференциската лига, го совлада Шелбурн и одигра несреќно реми со Јагелонија која во последните секунди се спаси од пораз.
Тетовскиот тим се надева дека така ќе остане и по мечот со Слован Братислава, а целта е победа.
Шкендија има четири бода од првите четири кола и се наоќа на 25. позиција на табелата, првата која не носи место во нокаут фазата.
Но, ништо не е загубено за Шкендија, тие сакаат на претстојните два натпревари да освојат колку што е можно повеќе бодови кои ќе им донесат пласман меѓу најдобрите 24 екипи.
Слован е умерен фаворит во овој дуел иако има освоено само три бода досега. Во последното коло го совладаа Рајо Ваљекано и значително ја подобрија атмосферата во тимот.
„Ќе играме против исклучително квалитетен тим кој минатата година играше во групната фаза од Лигата на шампионите, но секогаш кога играме дома, иамме позитивни настапи. Се надевам дека ќе се претставиме на најдобар начин, ги имаме сите предуслови за да обезбедиме резултат со кој и во последното коло ќе останеме во игра за место помеѓу првите 24 екипи на табелата“, изјави тренерот Јетон Беќири во пресрет на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













