Македонскиот првак Шкендија утре (18.45 часот) го пречекува словачкиот тим Слован Братислава во петтото коло од групната фаза на Конференциската лига.
Капитенот Бесарт Ибраими вели дека Шкендија може да оствари успех, иако знае дека Слован Братислава е квалитетен тим.
„Сите ние сме задоволни, оваа година напишавме историја. Но, не треба да застанеме тука, утре треба да дадеме максимум и да го добиеме натпреварот, а зошто да не се квалификуваме и понатаму“, истакнува капитенот Бесарт Ибраими.
Тој очекува и поддршка од фановите на трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Што се однесува до навивачите, нормално дека тие се дополнителен мотив за нас. Утре очекувам да бидат во што е можно поголем број. Очекувам поддршка, бидејќи тие се нашиот 12. играч и верувам дека ќе ни помогнат да стигнеме до победа.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













