Connect with us

Голеада за крај на есента: Арсими се спаси од пораз против Пелистер

Пелистер двапати имаше сигурно водство од два гола (0-2 и 1-3), но не успеа да го совлада Арсими на гостински терен. Натпреварот во Гостивар заврши 3-3 и понуди многу атрактивни потези и убави голови. Овој резултат најавува жестока битка за опстанок напролет, бидејќи сите екипи во долниот дел од табелата се бодовно израмнети, освен Работнички и Шкупи кои се на последните две места.

Дуелот започна активно и тоа донесе водство за гостите веќе во 15. минута. Вилдан Керим се најде сам на вториот дирек и погоди за водство на „зелените“ од Битола.


Арсими веднаш се обиде да одговори – Шефити во 19. минута имаше шанса со глава, но не беше прецизен, а голманот Јовчевски во неколку наврати сигурно интервенираше.

За пропуштените шанси, домашните беа казнети идентично како и претходно. Повторно играч остана сам на втората статива – овојпат Марјан Ристовски кој во 33. минута погоди за 0-2, постигнувајќи го својот прв гол за Пелистер оваа сезона. До полувремето Арсими имаше уште две одлични шанси: прво Јовчевски со двојна интервенција го сочува голот, а потоа ударот на Таипи по третиот корнер заврши во стативата.

Вториот дел донесе сосема поинаков Арсими. На самиот старт, Шефит Шефити намали на 1-2 и внесе неизвесност. Пелистер потоа доби пенал кој капитенот Ристевски го претвори во 1-3, и изгледаше дека гостите ќе стигнат до рутинска победа. Но следуваше вистинска драма – два брзи гола на домашните донесоа израмнување.


Особено впечатлив беше голот на Асани, кој влезе од клупата и испрати вистинска „бомба“ во мрежата. Потоа следеше и гол за 3-3.

Во 91. минута, голманот Јовчевски спречи потполн пресврт со фантастична одбрана по ударот со глава на Бесагиќ.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови