По поразот на Олга Даниловиќ во дуелот со Маркета Вонрушова од Чешка, Новак Ѓоковиќ излезе на теренот и успеа да израмни на 1-1 против Јиржи Лехечка на Јунајтед Куп.
Фановите на Србинот ги загрижи тоа што тој дури двапати бараше медицинска помош на мечод со Чехот. Сепак, тоа не беше единствениот проблем за Србинот на мечот со Лехечка.
Тој во еден момент се закани дека ќе го напушти теренот. Причина за нервозата на Новак беа рефлекторите кои беа вклучени и очигледно му сметаа на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ во еден момент дојде до судијата и побара да се изгасат рефлекторите заканувајќи се дека нема да го продолжи мечот. Потоа разговараше и со супервизорот на Јунајтед купот, но на крајот одлучи да го продолжи мечот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













