Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски, единствениот наш тренер кој со успех долги години работи на интернационалната сцена, успеа да го врати тимот на Емирати во фудбалската елита на ОАЕ. Со убедлив триумф над Масафи (6-0), составот на Емирати обезбеди недостижна предност пред конкурентите и практично осигура камбек во најдоброто фудбалско друштво на Обединетите Арапски Емирати.
Ова тимот на Емирати го заслужи и минатата сезона, но првенството беше прекинато предвреме поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, и во новиот шампионат тимот на Хаџиевски, чии помошници се Никола Аврамовски, Филип Деспотовски и Филип Маџовски ја оствари целта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski