Шкендија загуби од Тотенхем со 1-3 во натпревар од третото коло од квалификациите за годинашното издание на Лигата на Европа. Тренерот на тетовци Ернест Ѓока вели дека неговите фудбалери влегле со многу емоции во мечот. И покрај поразот тој смета дека неговиот тим е победник од овој меч.
„Влеговме во натпреварот со многу емоции бидејќи игравме со еден европски гигант. Јас сум многу задоволен од пристапот и играта на моите фудбалери. Имавме одлична транзиција. Постигнавме еден гол, а можевме и уште еден. Јас уште против Ботошани изјавив дека каков и да биде резултатот Шкендија нема да изгуби и тоа денеска се покажа како вистина. Игравме израмнет меч, а во моменти бевме и подобри, но одличните измени на Тотенхем беа клучниот момент во мечот. Тотенхем е еден од најдобрите тимови во светот“, изјави Ѓока.
Шкендија сега се насочува кон обврските во домашниот шампионат каде во недела ги очекува гостување против Пелистер во Битола.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













