Connect with us

Гнабри сака плата колку Сане и Коман за да остане во Баерн Минхен

Серж Гнабри сака значително зголемување на платата за да остане во Баерн Минхен. На 2 февруари спортскиот директор на минхенскиот клуб Хасан Салихамиџиќ се сретна со претставници на фудбалерот. Сепак, двете страни не постигнаа договор. Следуваат нови разговори.


Гнабри сака да заработува 15 милиони евра годишно, колку што се платите на неговите соиграчи Лирој Сане и Кингсли Коман, пренесува германскиот „Билд“.

Фудбалерот е интересен за Челси и за Тотенхем. Напаѓачот не сака да го напушти Баерн Минхен ова лето, а неговиот договор е до летото 2023 година.

На 23 натпревари од тековната сезона во Бундес – лигата, Серж Гнабри постигна 10 гола и забележа 4 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови