
Ливерпул не успеа да победи и на вториот натпревар од новата сезона во Премиер – лигата. Ремизираше (1-1) против Кристал Палас на „Енфилд Роуд“ и веќе има четири бода негатива во однос на Манчестер Сити и на Арсенал.
Голема глупост направи Дарвин Нуњез, кој доби директен црвен картон откако со глава го удри противничкиот играч Јоаким Андерсен. Со играч помалку, Ливерпул немаше сили да направи пресврт.
Кристал Палас поведе во 32.минута, кога Вилфрид Заха избегна офсајд замка, излезе сам пред Алисон Бекер и ја погоди мрежата на домаќинот.
Маките за Јирген Клоп се зголемија по црвениот картон на Дарвин Нуњез, но Луис Дијаз во 61.минута успеа по соло акција и одличен шут од 20 метри да донесе израмнување.
Се обидуваше Салах, но не успеа да донесе три бода за Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
