
Џонатан Тах, германскиот дефанзивец на Баер Леверкузен, официјално се прости од навивачите на клубот и потврди дека по завршувањето на сезоната го напушта клубот по цели десет години поминати таму. Иако долго време се шпекулираше дека неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид или Барселона, Тах направи неочекуван потег — кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.
Според германските медиуми, Тах е во напредна фаза на преговори со Баерн и трансферот е речиси сигурен. Одлуката да остане во Германија и да не се сели во странство дојде по разговор со новиот тренер на Баерн, Венсан Компани, кој очигледно успеал да го убеди дека Минхен е вистинското место за следниот чекор во кариерата.
Баер Леверкузен ќе го загуби дефанзивецот без обештетување бидејќи Тах има договор што истекува на крајот на сезоната. Клубот се надеваше дека ќе добие околу 30 милиони евра од продажба минатото лето, но тоа не се случи.
Тах дојде во Баер Леверкузен од Хамбургер во 2015 година за речиси 10 милиони евра. Има 29 години и е дел од германската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
