Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за гостувањето во Скопје на 11 октомври и дуелот со Македонија на арената „Тодор Проески“ и три дена претходно против Романија.
Застрашувачки делува составот на „панцирите“, но таков беше и пред мечот во Дуисбург на кој Македонија сензационално успеа да победи.
Иако ги нема Гундоган, Хумелс, Госенс и Даху, сепак, Ханси Флик има на располагање огромен број квалитетни фудбалери. Во Македонија ќе дојдат Нојер, Кимих, Сане, Хаверц, Вернер…
На списокот на Ханси Флик се најдоа следните имиња…
Голмани: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Бернд Лено (Арсенал), Марк-Андре Тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Тило Керер (Пари Сен Germермен), Лукас Клостерман (Лајпциг), Дејвид Раум (Хофенхајм), Антонио Рудигер (Челси), Нико Шлотербек (Фрајбург), Никлас Зиле (Баерн Минхен)
Среден ред/Напад: Карим Адејеми (Салцбург), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Леон Горецка (Баерн Минхен), Каи Хаверц (Челси), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Томас Милер ( Баерн Минхен), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Лерој Сане (Баерн Минхен), Тимо Вернер (Челси), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski