Connect with us

Гери Невил: Манчестер Јунајтед стана „гробишта за фудбалери“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, е крајно разочаран од она што се случува во неговиот сакан клуб. Тимот од „Олд Трафорд“ ја започна сезоната во Премиер – лигата со два порази и одигра многу слабо.


Поранешниот англиски репрезентативец верува дека севкупната трансферна стратегија во клубот тргнала наопаку по заминувањето на Алекс Фергусон во 2013 година.

„Манчестер Јунајтед стана гробишта за фудбалерите“, изјави Невил во студиото на „Скај Спортс“.
„Тимот ризикува да ја заврши оваа сезона во втората половина на табелата доколку не ги реши главните проблеми“, смета тој.

Еден од случаите е поврзан со нападот и Кристијано Роналдо.

„Проблемот во Јунајтед сега е што ако го загубат ЦР7, нема да им остане ништо во навалната линија. И навистина мислам дека ако не привлечат нови играчи, или ако потпишат со недоволно квалитетни и во исто време си замине Роналдо, тогаш тимот ќе заврши пи дното на табелата. Ова е тим за втората половина на табелата“, загрижен е Невил, кој целата своја кариера ја мина во Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови