Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му даде поддршка и го увери селекторот Герет Саутгејт дека неговата позиција е сигурна, по лошите резултати во Лигата на нации. Англија во јуни освои само два бода на четири натпревари од Лигата на нации, а меѓудругото на домашен терен беше поразена од Унгарија со 0-4.
Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година и ова е негова најдолга серија без победа. Сепак, тој ќе остане на позицијата и ќе ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во Катар на крајот на ноември.
Со репрезентацијата на Англија стигна до полуфиналето на СП 2018, првпат по 28 години, а на минатогодишното ЕП беа поразени во финалето по пенал-рулет од Италија.
Англија е на последното четврто место во групата 3 од А сегментот Лигата на нации, а заостанува три бода зад третопласираната Италија.
Пред почетокот на Мундијалот, Англија во септември ќе одигра уште два натпревари против Италија и против Германија.
Светското првенство во Катар е на програмата од 21 ноември до 18 декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal