Connect with us

Габриел Жезус нема намера да си замине од Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, ја избира стабилноста и реши да остане во клубот, и покрај интересот од други екипи. 28-годишниот Бразилец сега се опоравува од нова сериозна повреда и веќе долго време го загуби местото во стартниот тим на „топчиите“, а со пристигнувањето на Виктор Ѓокереш ова лето, шансите за настапи дополнително се намалуваат.

Иако Палмеирас покажува интерес за Жезус, фудбалерот не е подготвен за враќање во татковината.


Со договор што го обврзува до 2027 година, тој планира да остане во Лондон до самиот истек.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови