 
																												
														
														
													Футсал репрезентацијата на Македонија запиша уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство, овојпат на гостувањето кај Португалија.
Избраниците на Скендеровски не успеаја да изненадат против една од најсилните европски селекции, но овојпат пружија поголем отпор во споредба со дуелот во Скопје (1-5). Португалците пред својата публика славеа со 3-0 и ја потврдија лидерската позиција во групата 7.
Домаќините поведоа во првиот дел преку Невеш, додека во второто полувреме Андре и Педро Куехо ги поставија конечните 3-0. Македонија останува на последното место со само еден освоен бод по четири кола, додека Португалија има максимални четири победи.
Во следното коло, македонската репрезентација ќе се соочи со Холандија, а натпреварот е закажан за еден месец.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														