Футсал репрезентацијата на Македонија не успеа вторпат да направи чудо на дуелот со Србија. По ремито (1-1) во Врање, сепак, Србија покажа квалитет на квалификацискиот дуел во Скопје и славеше со 1-6.
Исмаили во десеттата минута ја доведе Македонија во водство по еден одлично изведен противнапад. Но, набрзо беше досуден пенал за Србија, а Пршиќ израмни на 1-1. Потоа Србија комплетно ја презеде доминација и до крајот на првиот дел постигна уште три гола. Петровиќ си постигна автогол за пресврт, а потоа за Србија стрелаа и Петров и Лазаревиќ.
Во вториот дел Македонија се обиде и со играч на местото на голман, но направи грешки во нападот, а Србија тоа го искористи за уште поголема предност. Томиќ погоди на празен гол за 1-5, а конечниот епилог го постави Ракиќ.
До крајот на квалификациите Македонија ја чекаат мечеви со БиХ на 8 април во Скопје и со Романија на гости на 14 април
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













