Екипите на Арбен Бајрами и КМФ Проект се борат за титулата во македонската футсал лига, a во последното коло забележаа победи со огромна гол-разлика. Практично и невозможни, доколку ривалите не се однесувале ноншалантно на теренот.
Арбен Бајрами славеше против Јувентус Серава со 75-1, а најдобар стрелец на мечот бил Назир Елјеса со дури 25 гола.
КФМ Проект синоќа ги победил Енхалон со 62-2, а најдобар стрелец на натпреварот бил Дарко Ранготов со 13 постигнати погодоци.
Со овие огромни победи и посебно со „желбата“ на ривалите да играат фер и коректно, очигледно дека треба да се позанимава Дисциплинската комисија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













