
Македонската футсал репрезентација утре против Босна и Херцеговина (19 часот, СЦ Јане Сандански, Скопје) и на 14. април против Романија (Темишвар) ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство.
Селекторот Васко Скендеровски се соочува со многу проблеми со отсутни играчи за претстојните два меча. Иван Крстевски (Цико Проект) поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар, а поради повреди или Ковид-19 ограничувања во составот на македонската репрезентација нема да бидат Александар Глигоров (Шкупи), Даниел Де Соуса (Славија Прага), Еркан Сефери (Шкупи), Садат Зибери (Италпол), Игор Леовски (Славија Прага), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Минхен).
Драган Петровиќ и Драган Ранготов се вклучени на подготовките, но нивниот настап е неизвесен поради повреди. Во составот на Скендеровски, дури петмина се дебитанти. Берат Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Железарец), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес) и Јовица Марковски (Астибо).
Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо);

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
